Белградската филхармонија ќе добие свој сладолед

- Advertisement -

Преку своите социјални мрежи, Белградската филхармонија објави покана до своите следбеници да им предложат вкус на сладолед што ги потсетува на филхармонијата. По повод 13 јуни, роденденот на институцијата, љубителите на сладолед ќе можат да пробаат нов вкус наречен Белградска филхармонија, кој ќе се најде на репертоарот на сладоледите Moritz Eis.

„Бараме совршена хармонија на состојки, уникатна симфонија на вкусови, вистинско музичко уживање! Ве покануваме во коментарите да споделите со нас кои вкусови на сладолед ве потсетуваат на белградската филхармонија. Најинспиративните комбинации ќе влезат во потесниот избор, а можеби токму вашата комбинација ќе стане нова класика на широкиот репертоар на вкусови на сладоледите Moritz Eis“, беше објавено на социјалните мрежи на Филхармонијата.

- Advertisement -

Во коментарите на следбениците, Филхармонијата доби голем број интересни предлози: „Комбинација од ванила – за виртуозност и префинетост, чоколадо – во име на отменото музицирање и маракуја – како звук на исчекор од конвенциите во слобода која потсетува на белградската филхармонија“. Покрај оваа, публиката предложи и други бројни комбинации на вкусови, а во победничката комбинација, наскоро ќе може да уживаат сите, по повод 98-от роденден на оркестарот.

Извор – Маркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -