12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Фати го возо(т) од Битола

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Во четврток, на 24 јуни на Железничката станица во Битола со почеток во 17:30ч, ПРЕДА Плус Фондацијата организира нетворкинг настан во кој ќе слави 10 години од своето постоење, 3 години од иницијативата И од Битола се можи(е), која прерасна во акцелераторска програма и 1 година од проектот Битола старт-ап.

Фати го возо(т) е симболичен наслов на настанот од повеќе причини. 2021 година европска година на железниците, некогаш последната железничка станица за возот Љубљана – Битола, во последните години е и прва станица кога идеи и старт-апи се во прашање. Битола станува интересен полигон за ИТ компании кои работат и за домашниот, а и за аутсорсинг пазарот. На локацијата од Железничката станица во Битола е лоциран и Клубот Јагода, кој е планирано да стане нетворк зона за идни настани од старт-ап заедницата. Наскоро, се најавува и отварање железничкиот сообраќај кон Грција.

Настанот има за цел да поттикне нови личности да размислуваат за личен успех и токму затоа на настанот ќе ги раскажат своите инспиративни приказни Игор Изотов, старт-ап гуру и член на тимот Accelerator Lab UNDP, Елизабета Мемца Менаџер во ⋮IWConnect, Горјан Јовановски активист и CEO на AirCare и Благој Мицевски-костимограф.

Настанот е предвиден да биде панел кој ќе го модерира Љубица Ангелкова – новинар и ПР експерт, а планирана е и офф програма со бендот Фолтин и DJ Tanimed. Програмата •И од Битола се можи(е)• на Преда Плус Фондацијата се реализира во рамките на Битола старт-ап како дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот и ЕУ.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!