-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Битиќи и Бесими: Формираме посебен фонд за средствата од еколошка такса со кој ќе обезбедиме подобри услови за зелен развој

Kabtel desktop

Повеќе актуелни економски теми во интерес на стопанството и економскиот развој на државава беа разгледани на денешната редовна седница на Комисијата за јавно приватен дијалог со која ко-претседаваше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ и претседателите и извршните директори на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог.

На средбата, информираат од владината прес-служба, вицепремиерот Битиќи и министерот Бесими го претставија концептот за воведување еколошка такса на нафтени деривати, при што посочија дека еколошката такса се воведува како механизам за прибирање средства за преземање мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, кои ќе бидат во посебен фонд за овозможување зелен развој на државата.

-Објаснето е дека висината на еколошката такса од дериват до дериват се разликува и дека најголема такса се планира за деривати кои и најмногу ја контаминираат животната средина како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и маслото за горење (мазут), за кои таксата ќе изнесува по 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин, таксата изнесува 3,1 денари, велат од Владата.

Заштитата на животната средина и овозможување зелен и одржлив развој е еден од врвните приоритети на Владата и токму во таа насока, додаваат, средствата ќе се прибираат во посебниот фонд, а кои на годишно ниво би изнесувале околу 50 милиони евра, ќе се насочат токму во еколошки проекти.

Претставниците на Владата и на бизнис секторот разговараа и за одредени аспекти од Законот за јавни набавки, особено што се однесуваат за третманот на ИКТ набавките, како и за можности за поместување на рокови за извршување на договорни обврски, поради актуелните случувања со корона кризата.

На состанокот директорката на УЈП Сања Лукаревска, зборуваше за процесот на враќање на средствата кои компаниите ги добија во повеќе турнуси како поддршка за исплата на плати од антикризните пакети мерки, а кои не ги исполниле условите добиените пари да се претворат во грант според законот, со детален опис како УЈП го спроведува и администрира целиот процес.

Вицепремиерот Битиќи, министерот Бесими, претставниците на државните институции и стопанските комори и на оваа седница заклучија дека комуникацијата помеѓу јавниот и приватниот сектор е на особено високо ниво и дека овој отворен дијалог треба да продолжи со иста динамика за унапредување на условите за водење на бизнис, а со тоа и овозможување побрз и одржлив економски раст и развој.вј/скс/

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!