Павлески: Домашните компании да учествуваат на натпреварот за „Go global“, аплицирањето е бесплатно

- Advertisement -

Првпат македонските компании ќе може да учествуваат на престижниот избор што го организира Меѓунардониот трговски совет и да се натпреваруваат за наградите „go global“.

Како што соопшти денеска директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески, тоа ќе им овозможи директен влез во светските бизнис случувања.

- Advertisement -

Аплицирањето за „go global“ наградите е бесплатно.

„Ги повикувам домашните компании да учествуваат на овој престижен избор на најдобрите бизниси во светот. Ова е одлична можност да станат дел од заедницата во која ќе споделуваат идеи, ќе создаваат партнерства и ќе ги надополнуваат знаењата и врски. Независно од својата големина, тие имаат можност меѓу 176 земји во светот да се натпреварваат со своите деловни достигнувања и да бидат наградени“, изјави Павлески.

- Advertisement -

Тој соопшти и дека првпат Агенцијата за странски инвестиции е дел од жирито кое ќе ја врши селекцијата за доделување на наградите, а Павлески, како што додаде, е еден од 14-те судии кои ќе ја вршат селекцијата на пријавените компании.

Меѓународниот трговски совет постои од 1956 година, а седиштето му е во Вашигнтон.

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Go Global Awards)

Сподели!
- Advertisement -