-7.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Голема студија откри дека луѓето кои практикуваат метидеранска исхрана имаат помали шанси да се заразат со корона вирус

Kabtel desktop

Дека медитеранската исхрана е начин на живот кој е исклучително здрав се знае веќе со години. Исхраната богата со овошје, зеленчук и риба, бавно темпо на живот и многу дружење делува на здравјето и на долговечноста. Но, неодамна објавена студија, која ја направија истражувачи од Универзитетот Харвард, Кралскиот колеџ во Лондон и компанијата Zoe, а која опфатила речиси 600.000 ворзасни луѓе, откри уште една добра страна на таквиот живот и исхрана.

Токму медитеранската исхрана може да го намали ризикот од заразување со КОВИД-19, а ако дојде до заболување, го намалува ризикот од развој на сериозни форми на болеста. Научниците ги споредиле симптомите кои ги пријавиле заболените од корона вирусот и нивните прехранбени навики и заклучиле дека оние кои се хранат со медитеранска исхрана богата со овошје, зеленчук и риби имаат 10% помалку шанси да се заразат со КОВИД-19. Исто така, имаат 40% помалку шанси да развијат сериозни форми на болеста. Податоците останале исти дури и кога истражувачите ги зеле предвид другите фактори како заштитната облека.

Во студијата, која уште нема поминато стручна рецензија, научниците истакнаа дека здравата исхрана влијае на здравиот дигестивен систем и за поголем процент на здрави микроби кои живеат во дигестивниот систем. Токму тие бактерии во неколку студии беа поврзани со посилен имунолошки систем и помал ризик за заболување од КОВИД-19 и други болести.

Интересно е дека научниците утврдија дека она што луѓето го јадат директно е поврзано со други фактори како што се местото на живеење и колку пари заработуваат.

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!