37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Финска компанија до крајот на годината ќе лансира дрвен сателит

Kabtel desktop

Иако сателитот направен од дрво звучи како концепт од времето на Леонардо да Винчи, финската компанија Arctic Astronautic навистина сака да лансира еден таков до крајот на оваа година. Станува збор за микросателитот WISA Woodsat, направен од шпер-плоча, кој во текот на викендот со помош на метеоролошки балон бешее подигнат на 30 км над Земјата. Се најде во стратосферата за да се тестира неговата конструкција од шпер-плоча во услови слични на тие што владеат во вселената. Сателитот имал на себе и селфи стапче за да го документира своето патување, како и пакет ссензори од Европската вселенска агенција.

Сателитот кој има форма на коцка со големина од 4 инчи го направи компанијата UPM Plywood, а претставува вакуум комора која е обложена со тенок слок на алуминиум-оксид за да се спречи деградацијата поради високо реактивниот кислород над Земјината атмосфера.

Мали дрвени сателити се прават за поедноставување на радиокомуникацијата, а можат и да испраќаат пораки и фотографии шриум светот преку преносни станици на копното. Тоа се поодржливи верзии на Arctic Astronuatic Кitsats, кои се осмислени за да ги користат студенти за едукативни цели.

Летот на Woodsat траел речиси три часа, а потоа балонот пукнал за сателитот да се врати на Земјата. Успешно е пронајден и без некои оштетувања. Сателитот во орбитата ќе го лансира ракетата Electron.

Дрвените сателити се многу поевтини и многу поеколошки прифатливи отколку тие од алуминиум и од челик. На секој тон челик се емитуваат 1,9 тони јаглерод диоксид, односно 11,5 тони во сличајот со алуминиумот.

(Klix.ba)

(фото: WISA Woodsat)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •