37.8 C
Skopje
вторник, јули 27, 2021

Сорос и Гејтс заедно ја преземаат британската компанија која произведува евтини тестови за КОВИД-19

Kabtel desktop

Група инвеститори предводени од Фондот за економски развој на Џорџ Сорос и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс го финансираат преземањето на британската компанија за дијагностичка технологија Mologic, која направи 10-минутен брз тест за КОВИД-19.

За да се спроведе преземањето на Mologic групата инвеститори ја основаа социјалната компанија Global Access Health (GAH), чија цел е да се прошири пристапот до евтина медицинска технологија. Членовите на GAH наводно сакаат да инвестираат над 41 милијарди долари во Mologic. Преносот на сопственоста ќе вклучува купување на сите акции во Mologic, вклучувајќи ги и оние кои ги држат приватни инвеститори, Foresight Group LLP и Calculus Capital.

Во оваа уникатна трансакција филантропските средства и инвеститорите работат заедно за да им овозможат на најмодерните комерцијални компании за ги насочат своите ресурси кон решавање на еден од моментално најголемите светски здравствени проблеми, изјавија од Фондот за економски развој.

Mologic е основана во 2003 година и се занимава со производство на тестови за различни болести, а неодамна ја добија ознаката CE (Conformité Européenne) за своите КОВИС-19 тестови, кои компанијата планира да ги продава по цена од 1 долар.

Шефот на Mologic, Марк Дејвис, го поздрави преземањето на компанијата и додаде дека тоа значи преобразба на компанијата кон социјално работење, за што смета дека е логичен, намерен и природен чекор за овозможување на пристапна дијагностика и биотехнологија во делови од светот кои останаа запоставени во неуморната потера за профит.

(RT)

(фото: Linkedin)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •