Хрватска забрани пластика за еднократна употреба

- Advertisement -

Хрватска усвои нов закон за менаџирање со отпад со кој се забранува ставање во промет на производи направени од пластика за еднократна употреба. Со тоа Хрватска се приклучи на групата земји од ЕУ кои почнаа да ја применуваат Директивата за пластика за еднократна употреба.

Со законот, кој стапува на сила во текот на наредните денови, веднаш се забрануваат пластичните сламки, чиниите, приборот за јадење (виљушки, лажици, ножеви и стапчиња), садовите за храна од експандиран полистирен и сличните производи.

- Advertisement -

За некои други производи забраната ќе стапи на сила дури во текот на наредните години, па така, пластичните кеси, со исклучок на многу тенките, ќе бидат забранети од јануари 2022 година, а производите кои имаат тапа или капак од пластика, како шишињата и другата амбалажа, нема да може да се ставаат во промет од 3 јули 2024 година.

Директивата на ЕУ за пластиката за еднократна употреба стапи на сила во 2019 година, а земјите-членки добија рок до 3 јули годинава да ги усвојат прописите со кои се забранува еднократната пластика. Меѓутоа, само неколку земји до направија тоа до зададениот рок, па дури ни тие не ја применија целосно директивата.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -