20.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Oтворен втор апицентар во Кичево

Kabtel desktop

За неполни три месеци во Кичево е отворен и втор Апицентар. Сопственик е познатиот пчелар од градот, Зоран Грозданоски кој својата едукација од областа на пчеларството настојува да ја хуманизира. Во Апицентарот ќе се користат исклучиво природни материјали создадени во неговиот пчеларник.

-Познавајќи ги приликите во Словенија каде овој вид третирање на одредени болести уште пред две децении зеде голем замав, дојдов до заклучок дека она што можеле Словенците зошто не би можело да се имплементира и на нашите простори. Апицентарот почна со работа пред една седмица и очекувам благодетите од неговата работа да ги почувстсвуваат жителите од градот и пошироко. Пареите што ги вдишуваат граѓаните кои доаѓаат во Апицентарот помагаат во лечењето на многу болести, почнувајќи од белодробни заболувања, синуси, бронхити, алергии, кардиоваскуларни заболувања, а помагаат и во третирањето на стресот, вели Грозданоски.

Во Апицентарот истовремено може да се сместат три лица. Секоја инхалација може да трае најдолго 20 минути и по пауза од исто толку минути, треба да се продолжи со уште една. За да биде видлив ефектот потребни се повеќе од седум третмани, а домаќините на корисниците им даваат и бонус инхалации, ако се нивни редовни корисници.

Според Грозданоски, температурата на пареите што ги вдишуваат корисниците на Апицентарот е со константни 36 степени, додека услугите на Апицентарот заинтересираните можат да ги добијат во потоплит период од годината, почнувајќи од 15 април до 15 септември. Хигиената е загаранирана и сите корисници се безбедни и заштитени од пренос на други болести.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •