Навивај во твој елемент: Откриј го петтиот елемент на фудбалските вечери – крцкаво задоволство што се споделува со друштвото

- Advertisement -

Светското првенство влегува во фазата во која повеќе нема простор за поправен. Утре Франција и Шпанија ќе се борат за првото место во големото финале, додека во среда нè очекува пресметката меѓу Англија и актуелниот светски шампион Аргентина. Четири фудбалски великани, две вечери исполнети со возбуда и само две места во финалето.

Тоа се натпревари за кои не се прашува дали ќе се гледаат, туку каде.

- Advertisement -

Во дневната соба кај пријателот со најголем телевизор, во локалот со најдобра атмосфера или дома, со луѓето со кои секоја фудбалска вечер станува мал настан. Планот обично почнува едноставно: „Кај кого гледаме?“. Потоа следуваат изборот на пијалаци, распределбата на местата и секако, прашањето без кое не почнува ниту едно добро дружење: Што ќе грицкаме?

Фудбалот и чипсот одамна се неразделна комбинација. Чипсот е таму додека се предвидува резултатот, додека сите зборуваат во исто време и додека барем еден од присутните е убеден дека подобро ја разбира тактиката од селекторот. Се грицка во исчекување на гол, по голема промашена шанса и во моментите кога целата соба останува без здив.

- Advertisement -

Токму за ваквите вечери се создадени новите Elements чипсови на Виталиа, за моментите кога сакаме вистинско крцкаво задоволство и богат вкус, но бараме малку поинаков избор од класичниот чипс.

Elements се подготвени без пржење, со 100% природни состојки и внимателно избрани комбинации на вкусови, за секој во друштвото да може да го пронајде својот фаворит.

- Advertisement -

За оние што секогаш играат на сигурно, тука е вкусот со  морска сол. За љубителите на познати и кремасти комбинации павлака и кромид. Чадената пиперка е за тие што сакаат поинтензивен вкус, додека гарам масала и златно кари со 20% протеини е изборот за оние што и кај грицките сакаат да пробаат нешто похрабро.

На крајот, секое друштво има различен фаворит. Некој навива со срце, некој ги анализира статистиките, а некој едноставно се надева на неизвесен натпревар и многу голови. Но кога ќе почне полуфиналето, сите се на исто место – пред екранот, со поглед кон теренот и со раката во ќесата чипс.

Затоа соберете ја екипата, одберете го својот фудбалски фаворит и подгответе ги омилените Elements вкусови. Препуштете се на вечерите во кои секој гол се слави погласно, секое промашување се доживува лично, а секое парче чипс исчезнува побрзо отколку што сте планирале.

Бидејќи најдобрите фудбалски моменти не се само оние што ги гледаме, туку оние што ги споделуваме.

- Advertisement -