15.8 C
Skopje
вторник, септември 28, 2021

Биткоинот допрва ќе расте: „Следната година ќе биде 100.000 долари“

Kabtel desktop

Од компанијата „Standard Chartered“ очекуваат биткоинот да достигне 100.000 американски долари на почетокот на следната година.

Истражувачкиот тим за крипто-валутi на „Standard Chartered“ предвидува дека биткоинот ќе ја удвои својата вредност и ќе достигне 100.000 американски долари на почетокот на следната година.

На долг рок, тие пресметуваат дека криптовалутата може да достигне вредност од дури 175.000 долари.

Аналитичарите во компанијата даваат и добри прогнози за етерумот, втората најраспространета криптовалута, па сметаат дека нејзиниот скок ќе биде од 26.000 до 35.000 долари, иако биткоинот би требало да биде близу 175.000 долари за да го достигне тоа ниво.

„Како средство за размена, биткоинот може да стане доминантен начин на плаќање во идниот свет без готовина“, пишуваат аналитичарите кои се занимаваат со овој пазар веќе подолго време.

„Циклично, очекуваме „пик“ од околу 100.000 долари на крајот на 2021-ва година или почетокот на 2022-ра година“, наведуваат тие.

Биткоинот во моментов се тргува по цена од околу 46.000 долари.

(Denar.mk)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •