Прометот во индустријата во јули намален во однос на јуни, а зголемен во споредба со јули лани

- Advertisement -

Прометот во индустријата во јули бил намален за 6,4 проценти во однос на јуни, а зголемен за 8,5 проценти во однос на јули минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-јули во однос на истиот период лани, прометот во индустријата е зголемен за 23,3 проценти.

- Advertisement -

Зголемување се бележи и на прометот во индустријата на домашниот пазар за 3,9 проценти во однос на јули лани, а во споредба со јуни има зголемување за 4,4, проценти.

Прометот во индустријата на странските пазари во однос на јули лани е зголемен за 7,7 проценти, а во однос на јуни е намален за 10,3 проценти.

Сподели!
- Advertisement -