12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Македонски стартапи се претставија во Солун

Kabtel desktop

Денес во Солун заврши дводневниот финален настан во склоп на пограничниот бизнис акцелератор имплементиран од консултантската компанија PrimePoint Partners, а финансиран од EU IPA Interreg.

Во склоп на настанот кој се одржува во Alexander Innovation Zone, се претставија македонски и грчки стартап фирми пред интернационална комисија, а учестуваа и претставници на инвестициски фондови, финансиски друштва и бизнис ангели од двете земји. Учество земаа и клучни стејкхолдери од стартап еко-системите од двете земји и преставници на партнерите, меѓу кои: Alexander Innovation Zone S.A., SEERC- истражувачки центар на СИТИ колеџ, Технополис Солун ИКТ бизнис парк, Универзитет за информатички науки и технологија (УИСТ) „Св. Апостол Павле “, Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење и Фондација YES.

„Навистина сме горди што видовме голем развој кај македонските учесници кои изминативе 6 месеци работеа со ментори и учестуваа во подготвителни работилници со цел да ја доразвијат нивната бизнис идеја. Во групата на презентери кои денес настапуваат ги имаме Blink, Esnaf Exclusive, Bio Packaging, Khora, Bintern, Instahome.Team, Kenzo, Makedon tehnologii, ENV, Ogranic Balkan и Challenger2.0.“ – изјави Билјана Марковиќ Стаменова, Директор на PrimePoint Partners.

Преставници на жири комисијата се: Сузана Тунтева, Factor Trust; Ели Жабевска, South Central Ventures; Игор Маџов, SwissEP & Startup Macedonia; Ивана Станковиќ, ФИТР; Владимир Котевски, International Solutions Center a Tyme Global Technologies Company и Елена Стојановиќ, Фондација YES.

За најдобро рангираните стартапи беа обезбедени награди и можности за нивно претставување пред инвеститори со чија помош ќе можат да ја развијат идејата во успешен бизнис.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •