19.8 C
Skopje
понеделник, октомври 18, 2021

ВИДЕО: Ова е првиот куќен робот на Amazon

Kabtel desktop

Amazon пред некој ден го претстви својот прв куќен робот, кој медиумите го опиша како Alexа на тркала. Роботот се вика Astro и на почеток ќе биде достапен само за ограничен број луѓе по цена од 1.000 долари, а дополнително ќе биде достапен за сите.

Роботот се состои од две тркала, мал простор за складирање и екран. Доаѓа со 5 вградени мотори, камери, сензори и има перископска камера која може да се подигне над нивото на една маса, што треба да помогне во вршењето надзор.

Токму надзорот на домот е една од можностите кои ги споменаа од Amazon при претставувањето. На пример, која домот е празен Astro преку апликација може да се активира за да направи неколку круга по домот и да провери се. Роботот може да ја мапира површината на еден дом и по него да се движи избегнувајќи ги пречките, може да слуша гласовни команди, да чита временска прогноза, да одговара на разни прашања, да се користи за видеоповици и може сопственикот да го следи во чекор, да пушта музика и слично.

Како уште една можност беше наведено дека може да пренесува работи од една соба во друга – на пример да го однесе телефонот од еден член на семејството до дргу и слично. Бидејќи има два држачи за чаши, на него може да се стави пијалак.

Од Amazon се надеваат дека со тек на време ќе го надградуваат роботот да може да ги учи навиките на семејството и да се прилагодува на нив, а можеби и програмерите ќе можт да прават апликации за него со кои ќе ги зголемат неговите можности.

(The Verge)

(фото: YouTube)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •