Младите луѓе во Шпанија би требало да добијат пари за да се иселат од домот на нивните родители и да можат да платат кирија на друго место, изјави премиерот на Шпанија, Педро Санчез.
Санчез ја предводи оваа влада во која е левичарската коалиција, а предложи месечно да се плаќаат по 250 евра на млади луѓе на возраст од 18 до 35 години кои заработуваат помалку од 23.725 евра годишно, за да им помогне да платат кирија за стан.
Други предлози, исто така, вклучуваат ограничување на износот на киријата за оние сопственици кои поседуваат повеќе недвижен имот, се за да им помогне на ранливите семејства и младите да платат кирија во големите градови.
„Потребни ни се кохезивни и одржливи градови кои се чисти и погодни за еманципација на младите луѓе“, рече Санчез на првиот Форум за шпанска урбанизација, конференција за домување организирана од Министерството за транспорт, мобилност и урбанизација.
Недвижностите во Шпанија се познати по високата цена, и се повеќе млади луѓе се принудени да живеат со своите родители, бидејќи кириите се прескапи, платите се ниски, а стапката на невработеност е висока. Во просек, луѓето во Шпанија го напуштаат домот на своите родители на возраст од 30 години, додека во ЕУ просекот е 26,4 години.
Законот беше предложен во време кога Европејците се соочуваат со растечка криза, од Лондон до Берлин. Овој месец, Берлин гласаше за одземање станови од сопствениците кои имаат многу недвижен имот со цел да се справат со зголемените кирии, потег што може да врати во рацете на државата до 240.000 станови.
Овој закон што го предлага Санчез допрва треба да се објави, и дури тогаш за тоа ќе одлучат претставниците во парламентот, чие одобрување би го ставил овој закон во сила.