10.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

„Хербална куќичка Билкилајф“, „О-круг“, „ Мали истражувачи“ и „EnergyBox“ победници на Social Impact Award 2021

Kabtel desktop

Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. 

Девет неделната инкубациона фаза заврши со презентирање на проектите на финалистите и прогласување на наградените идеи. „Хербална куќичка Билкилајф“, „О-круг“ и  „ Мали истражувачи“ се решенијата кои освоија парична награда од Шпаркасе Банка, како победници на Наградата за социјално претприемништво – Social Imapct Award 2021.

Првата награда во висина од 3.000 евра, стручното жири ја додели на тимот од „Хербална куќичка Билкилајф.“ Мила и Верче, девојките зад оваа идеја замислуваат  „Билкилајф“ да биде место за релаксација на умот и телото, преку разни форми и содржини-туристички услуги. Основата на сите услуги, програми и активности се билките, а во нив учествуваат и можат да ги користат лицата со попреченост.

            Втората награда во висина од 2.000 евра беше доделена на „О-круг“, здружение кое работи во полето на реупотреба на отпад од храна. „О-круг“, во суштина ќе произведува есенцијални масла и природни освежувачи од отпадна кора од портокал. Отпадните лушпи ќе бидат собирани преку партнерства со локалните кафетерии, џус и смути барови, потоа преработени и од нив ќе се произведува есенцијално масло и природни освежувачи за воздух.

            Третиот тим кој ја понесе наградата на жирито е „Мали истражувачи“, проект од Македонски брод кој работи во областа на одржлив туризам и се залага за здрав живот. Идејата е отворање на првото еко-игралиште за деца или како што Магдалена и Кики ги нарекуваат, „малите истражувачи“. Како дел од игралиштето е и зеленчукова градина, каде децата ќе имаат можност да научат за одгледувањето на истите или пак да си наберат свежи плодови.

Четвртото победничко решение избрано преку он-лајн гласање е проектот “EnergуBox “, воден од Натали Велеска,  чиј тим ќе  добие дополнителна менторска и консултантска поддршка од компанијата Бизнис Импакт Лаб.

„Наградата за cоцијално претприемништво“  претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студентите и младите во Северна Македонија. Претставените идеи во рамките на програмата имаат потенцијал да бидат развиени и имплементирани како иновативно решение во областа на социјалното претприемништво. Целта на програмата е да се зголеми интересот меѓу младите за оваа област, како и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •