12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Цената на плинот во Европа повторно над 1.200 долари за илјада кубни метри

Kabtel desktop

Цената на гасот во Европа за време на тргувањето на лондонската берза ICE денеска повторно порасна на над 1.200 долари за илјада кубни метри, поточно достигна речиси 1.230 долари.

Цените на договорите за фјучерси за ноември во центарот ТТФ во Холандија се зголемија на 1229,4 долари за илјада кубни метри или 102,5 евра за мегават-час.

По првичниот раст утринава, цената на гасот донекаде забави и е на ниво од 1208 американски долари за 1.000 кубни метри.

Вкупниот раст на цената од почетокот на денот изнесува околу 7,6 проценти.

TTF постави рекорд на 6 октомври, кога цената на гасот надмина 1.900 долари за илјада кубни метри, но потоа почна да опаѓа.

Високата нестабилност на цените на европскиот пазар на гас е поврзана, меѓудругото, и со ниската пополнетост на капацитетите за складирање гас пред претстојната зима. сд/

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •