-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

Беспилотниот соларен авион на Airbus може да лета во воздух со месеци

Kabtel desktop

Гигантот за авиони Airbus тестира авион на соларен погон за кој се надева дека ќе донесе интернет за дел од милијарди луѓе во светот кои немаат интернет конекција. Компанијата објави дека нејзиниот Zephyr, кој личи на беспилотна едрилица, но со два мали пропелери, наскоро ќе може да помине по шест месеци во воздух.

Производителот на авиони веќе ги направи првите пробни летови во цивилен воздушен простор, и од само два лета авионот помина во воздух вкупно 36 дена. Кога е во воздух Zephyr се наоѓа во стратосферата, односно лета над авионите, а под сателитите.

Авионот ќе биде поевтин од сателит, еколошки прифатлив затоа што работи на соларна енергија, полесен за управување и ќе може да слета и да се пренамени за друга мисија. Но, 18-дневните летови се само почеток, изјави Јана Розенман, раководител на воздушни беспилотни системи во Airbus, и додаде дека имаат амбиции тоа време да го покачат до шест месеци.

Нашите батерии работат навистина добро.Мислам дека сега сме сигурни дека авионот може да биде три месеци во воздух и можам да речам дека патувањето во траење од шест месеци нема да претставува проблем“ вели Розенман.

Таа додава дека смета оти авионот има огромен потенцијал да допре до луѓе кои традиционално не може да се допрат поради оптичките широкопојасни кабли, односно навистина нема ограничувања.

Според податоците на УНИЦЕФ од 2020 година, 2/3 од децата кои одан на училиште во светот околу 1,3 милијарди луѓе немаат интернет конекција во своите домови. Zephyr може да се користи и во водени цели, а компанијата размислува и за употреба во зони погодени од катастрофи и други подрачја каде што се потребни информации во реално време.

(Dnevnik.hr)

(фото: Airbus)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!