-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

Рио кафе инвестира 1,3 милиони евра во нова технологија

Kabtel desktop

„Рио Кафе“, најголемата македонска компанија за производство на кафе ова лето ја заврши инвестицијата во нова, моментално најсовремена италијанска технологија за производство на кафе вредна 1.3 милиони евра. Се работи за еколошки најсофистицирано решение кое ќе придонесе за подобрување на квалитетот на кафињата од програмата на „Рио Кафе“, вклучително и добропознатите брендови Браво Премиум и Браво Класик, но и овозможува зголемување на капацитетот на работа, отворање на нови пазари и проширување на асортиманот со нови производи.

Новата инсталирана технологија вклучува целосно решение за производство на кафе од печење и мелење до пакување на истото во нови модерни пакувања кои лесно се отвораат и лесно се затвораат со цел задржување на свежината и автентичниот вкус. Со ова, „Рио Кафе“ уште еднаш ја докажува посветеноста кон постојаното подобрување, иновирање и приближување до своите корисници.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!