-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

Биткоин официјално стана дел од Њујоршката берза

Kabtel desktop

Постојаниот раст на криптовалутата изминатите месеци потврдија дека ги укинуваат забраните за тргување со криптовалути. ProShares сега лансира нов фонд за размена на валути поврзан со фјучерси на биткоин, покажува извештај на New York Times.

Биткоин влезе на Њујоршката берза по прв пат досега, што им овозможи на инвеститорите да инвестираат во криптовалутата без директно да ја поседуваат преку брокерски сметки.

Како што велат од ProShares, 2021 ќе биде запаметена поради овој голем чекор. Тоа дава сигнал дека инвеститорите станале љубопитни за валутата, но сепак не се осмелуваат дирeктно да купат нерегулирани криптовалути. Сега ќе имаат пристап до биткоин со пазарен интегритет.

Претприемачите и традиционалните финансиски компании заинтересирани за криптовалути цела една деценија го бараа токму ова, но нивните барања постојано беа одбивани или одложувани.

Фјучерсите на биткоин не се токму она што го бараат хардкор ентузијастите за криптовалути затоа што за некои треба фонд кој директно поседува криптовалути. Засега ќе бидат дозволени обложувања на флуктуацијата на цената на биткоинот наместо на самата криптовалута.

Не е едноставно да се погоди точната цена на биткоин затоа што нема еднствен пазар на кој можете да се потпрете, а цените може да се различни до 5% зависно од тоа за која размена станува збор, велат од берзата.

Додека критичарите на дигиталните валути се уште се загрижени за нестабилноста на цената на биткоин, масовниот интерес за овие дигитални средства од 202 и 2021 година нема да се намали во иднина, што значи дека дигиталните валути ќе станат нешто сосема нормално во наредните години.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!