-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

Студент направи синтетичко дрво од комбуха

Kabtel desktop

Овој студент создаде синтетичко дрво направено од отпад од комбуха. Процесорт на производство на синтетичкото дрво е одржлив, а значително ќе помогне во борбата против сечењето на шумите така што ќе го замени дрвото кое се добива од тропските шуми.

Студентот Гејб Тавас за својот изум ја освои американската награда James Dyson Award за дизајн инженеринг. Еве како дошол на идеја за синтетичкото дрво.

Дрвото е составено од две главни компоненти – целулоза и лигнин. Целулозата на дрвото му ја дава формата и цврстината, додека лигнинот е „лепакот“ кој држи се заедно.

Но, растенијата не се единствените извори на целулоза. Некои бактерии, како тие што се користат за производство на ферментираниот пијалак комбуха, исто така произведуваат целулоза.

Така, Гејб искористил отпадна бактериска целулоза од локален производител на комбуха за да го направи своето дрво. Ја комбинирал со природен врзивен елемент наречен агар. Потоа мешавината ја компресирал и ја исушил.

Добиениот производ го нарекол „пирус“ (pyrus) и тој може да се обработува и да се сече исто како дрвото. Исто така, ќе може да го замени дрвото добиено од тропските прашуми, кои се во опасност од исчезнување поради неконтролираната сеча.

Со својот „пирус“ Гејб сега ќе се натпреварува против иноваци од 27 други земји.

(World Economic Forum)

(фото: Symmetry Wood)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!