Според светскиот алманах (World Population Review) Македонија е на шестото место на ранг листата на 10 најсиромашни земји во Европа. После нас се Босна и Херцеговина, Белорусија, Србија и Црна Гора, а на врвот на листата се Украина, Грузија, Косово, Молдавија и Албанија.
Неколку европски земји се многу богати и се меѓу најбогатите на глобално ниво. Сепак, економскиот просперитет во Европа значително варира помеѓу државите. Земјите од Источна Европа, особено оние кои беа значително погодени по падот на Советскиот Сојуз се меѓу најсиромашните и денес, пишува во алманахот во кој се објаснува дека Бруто домашниот производ (БДП) е една од најважните метрики што се користи за мерење на економското богатство на една земја.
За Македонија во овој преглед пишува дека земјата од 1991 година претрпе драматични економски промени и постепено ја подобруваше својата економија. Трговијата сочинува околу 90% од БДП на земјата. И покрај успешно спроведените политики од властите, Македонија сè уште има висока стапка на невработеност – 16,6%. Во 2020 година БДП по глава на жител во Македонија изнесуваше 5.888 американски долари.