Милијардерот Ричард Бренсон продал 100 билети за патување во вселената

- Advertisement -

Компанијата за вселенски патувања на милијардерот Рилард Бренсон пред неколку дена објави дека од август досега има продадено околу 100 билети за патување во вселената по цена од 450.000 долари. Претходно компанијата вкупно продаде околу 600 резервации по цена од 200.000-250.000 долари.

Новата цена добро е профатена, се вели во соопштението на компанијата и потсетуваат дека целта им е да продадат 1.000 билети пред првиот комерцијален лет на крајот на 2022 година.

- Advertisement -

Ричард Бренсон е првиот милијардер кој на 11 јули беше на вселенско патување со летало на својата компанија. Тоа го направи пред Џеф Безис, кој во вселената отиде непто подоцна со ракетата New Shepard направена во неговата компанија Blue Origin.

Virgin Galactic го одложи својот прв комерцијален лет за три месеи, кој првобитно беше најавен за средината на октомври, а сега е закажан за последното тримесчеј во 2022 година, додека во меѓувреме ќе се работи на подобрување на безбедноста на леталото.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -