10.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Со дрвја кои „пеат“ ќе комуницираме со вселената и ќе бараме нови планети

Kabtel desktop

Проект предводен од група научници од НАСA кој ја обединува уметноста и науката има за цел да ја поврзе Земјата со вселената преку песна, која ќе трае два 200 години. Проектот се вика The Tree of Life, а необичнио дует може да се пренесуав преку радиобранови од вселенски летала во ниската орбита на Земјата и збир на дрвја кои се пренаменети како жив антенски систем.

Ова звучи како да е извадено директно од научно-фантастичен филм и станува уште поинтересно. Всушност, проектот започнал како дел од поголем проект за дизајнирање на потенцијални вселенски летала од иднината кои треба да се способни да стигнат до егзопланетата Проксима Б, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нашата планета. Егзопланетата е посебна по тоа што нејзината температура е речиси иста како на Земјата – доволно блага клима за да има течна вода, што значи дека може да опстане живот на неа. Сепак, со нашата моментална технологија за да стигнеме до Проксима Б ќе ни требаат 6.300 години.

Идејата на проектот е следната: дрвјата да се опремат со дигитални сензори кои ќе детектираат промени во фреквенцијата на звуците кои ќе се пренесуваат до вселенското летало. Леталото потоа ќе ги пренесува тие информации понатаму во завиност од неговите оперативни способности.

„Како што се менуваат светлината, водата и температурата на дрвото, ќе се менува и тонот, воулменот и звукот на песната. Накратко, ќе слушаме промени во звуците како што денот се претвора во ноќ, кога ќе поминува некој облак, кога ќе се менуваат годишните времиња. Но, со текот на годините и децениите ќе забележуваме се поголеми промени во песната како резултат на климатските и другите промени на планетата“ велат научниците.

Дрвјата ги избрале да бидат дел од експерименталниот комуникациски систем затоа што може да постојат со децении и раскажуваат поцелосна приказна за животот на нашата планета.

Вселенското летало, кое ќе треба да постои и да работи контиунирано 200 години, уште не е изградено. Но, според научниците, тимот треба да почне да тестира прототипови во текот на 2022 година. А ако се оди според планот, првите две дрвја ќе почнат да ги „пеат“ своите песни во Њујорк и Лос Анџелес.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxfuel)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!