13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Естониски истражувачи направија батерии од тресетна почва

Kabtel desktop

Научници во Естонија прават батерии од тресет. Тресетот е почва составена од разложени органски материи. За да се направат батериите почвата се загрева на високи температури во печка и на тој начин се добива висококвалитетен е да се јаглероден прав, кој потоа може да се користи за правење содиум-јонски батерии. Таквите батерии може да бидат евтина алтернатива за напоjување на електричните автомобили.

Најголем дел од електричните автомобили користат литиум-јонски батерии, но литиумот е многу скап метал и може да чини по друи 15.000 долари за тон, заедно со рударењето и рафинирањето. Поради се поголемата побарувачка на батерии постои опасност цената да се качи уште повеќе.

Технологијата за батерии од тресет ја развиваат научници на Универзитетот Тарту. Тресетот кој го користат тие е евтина алтернатива и го има во изобилство. Исто така, доста е декомпостиран, што значи дека нема да се ослободи CO2 кога ќе се екстрахира од земјата.

Глобалната побарувачка за литиум минатата година беше 320.000 тони, а се очекува до 2030 година да достигне 3 милиони тони. Алтернатива за литиумот е содиумот, кој чини само 150 долари по тон, а го има во изобилство.

(World Economic Forum)

(фото: Принт скрин World Economic Forum)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!