-0.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Преку „МЗАЕДНИЦА“ вклучи се во креирање на локалниот буџет за 2022 година

Kabtel desktop

Граѓаните на општините Карпош, Валандово и Кочани можат директно да учествуваат во креирањето на буџетот за 2022 година за својата општина преку мобилната апликација „мЗаедница“ или преку веб – платформата www.mzaednica.mk. Оваа апликација е достапна преку Google Play и App Store, бесплатна е за симнување и жителите од посочените општини можат да даваат предлози од областа на животната средина, управувањето со отпадот, локалната инфраструктура, предучилишното и основното образование, спортот и другите сфери на локалното живеење.

На овој начин, граѓаните директно учествуваат во креирањето на новиот буџет и нивните предлози и идеи се разгледуваат од страна на задолжените општински сектори.

Преку мобилната или веб – апликација, секој граѓанин може да креира свој профил на апликацијата, да преземе акција преку пријавување на предлог за подобрување на заедницата или да пријави проблем.

Во трите општини во кои веќе функционира оваа мобилна апликација, локалното население на дневно ниво има двонасочна комуникација со општинските служби, без потреба да оди физички до општината.

Исто така, граѓаните можат по електронски пат да аплицираат за активните субвенции за велосипеди, стипендии, еднократна помош и да реализираат други услуги кои ги нудат општините.

Преку платформата „мЗаедница“ системски се унапредува транспарентноста и ефикасноста на општините. Граѓаните директно комуницираат со општинските служби, зголемено е нивното учество во развојот на заедницата, информирањето и новостите стигнуваат директно до граѓаните, а градоначалниците можат да ги реализираат своите ветувања за потранспарентно и поодговорно работење дадени во предизборните кампањи.

„мЗаедница“ прераснува во дигитална платформа која ја користат се повеќе општини и граѓани. Затоа што овозможува со неколку кликови да оствариш одредено право, да пријавиш проблем, да дадеш идеја за твоето маало, а општинските служби се поинформирани за локалните проблеми и потреби.

Сите општини кои се заинтересирани за да остварат ефикасна и двонасочна комуникација со граѓаните и да ја користат „мЗаедница“ во секојдневното работење можат да го контактираат Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 преку info@blink42-21.mk.

Повеќе информации за „мЗаедница“ можете да добиете на социјалните медиуми Facebook, Instagram и веб – страната: www.mzaednica.mk.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!