-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

ВИДЕО: Новиот Renault 4 може да лета

Kabtel desktop

Годинава Renault одбележува 60 години од својот најпопуларен автомобил, Renault 4 или Quatrellea, а за да го одбележат роденденот дизајнерите и инженерите направија функционален концепт-проротип на летачки автомобил Air4, кој не е ништо друго туку летачка „четворка“.

За „четворката“ да ја подигнат во воздух инженерите на Renault зеле 4L кабина од карбонски влакна и ја поставиле на X-рамка од шасија со 4 ротори. Секој ротор придвижува по еден електричен мотор кој добива енергија од литиум-полимерска батерија од 22.000 mAh.

Досегот на автомобилот засега не е познат. Возачот (пилотот не влегува во него преку врата, туку целата кабина се подига нанапред за да може да влезе. Renault засега нема намера да го пласира тој концепт на пазарот, па за него нема ни планирано тркала за возење по копно. Затоа, постои голема веројатност летачката „четворка“да остане на тој функционален прототип, кој ќе се користи за посебни настани и прослави на разни јубилеи.

Тоа значи дека јавноста годинава нема да го види Air4 во воздух пред продавницата Atelier Renault на Шанзелизе во Париз, а идната година планриаат да го провозат по светот, па летачкиот автомобил ќе може да се види во Милано, Њујорк и Макауs.

Многу е веројатно некој да почне петиција за сериско производство, затоа што многумина се замислуваат себеси во летачката  „четворка“.

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!