Google им се заканува со отказ на вработените кои не сакаат да се вакцинираат

- Advertisement -

Google тргна со агресивна политика кон своите вработени кои не сакаат да се вакцинираат против новиот корона вирус. Тие до 3 декември до компанијата требало да го достават својот статус за вакцинирањето, а за оние кои не се вакцинирале ило до компанијата не доставиле доказ, односно причината за невакцинирање може да следуваат и откази.


Политиката на задолжително вакцинирање стапува на сила на 18 јануари и после тој датум стартуваат санкции против оние кои не се вакцинирани или чии причини за невакцинирање не се прифатени. За почеток, тоа би било еден месец платено отсуство, потоа следува до 6 месеци неплатено отсуство, додека на крајот може да добијат и отказ.

- Advertisement -

Оваа одлука се однесува на вработените во САД и не е познат бројот на луѓе во компанијата кои не сакаат да се вакцинираат, но неколку стотини вработени потпишаа петиција во која се противат на задолжителното вакцинирање.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави задолжителна вакцинација за сите американски компании со над 100 вработени, но федералниот суд привремено ја блокираше таквата одлука. Од Google сепак ги советуваат вработените да ги истражат можностите за пронаоѓање некоја улога во компанијата која нема да биде во конфликт со политиката за вакцинирање која ја најави америкнската администрација.

- Advertisement -

Интересно е тоа што вработените во Google сметаат дека зачестеното тестирње не е вистинска алтернатива за вакцинирањето, иако праксата докажа дека и вакцинираните луѓе можат да го пренесиваат вирусот и да заразат други луѓе.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -