Европратеник побара основачите на „Бионтек“ да бидат ставени на новите евра

- Advertisement -

Во потрага по новиот дизајн на идните евра банкноти Европската централна банка доби предлог од Европскиот Парламент.

Германскиот политичар Морис Корнер побара оснивачите на „Бионтек“, Угур Сахин и Озлем Туречи, да бидат прикажани на една од банкнотите.

- Advertisement -

„На новите банкноти би требало да бидат прикажани важни европски личности, како брачниот пар основач на „Бионтек“. Нивната работа спаси животи на милиони Европејци. Нивниот животен пат е импресивна приказна за интеграција, напредок, претприемништво, научна извонредност и потенцијал на отворено имиграциско општество“, рекол европратеникот за Дие Велт.

На почетокот на пандемијата со Ковид-19, „Бионтек“ успеа во релативно краток временски рок да направат вакцина против коронавирусот користејќи ја техниката мРНК.

- Advertisement -

Дваесет години по воведувањето на еврото Европската централна банка започна процес на редизајн на парите. Важен збор во овој процес ќе има јавноста, но до конечниот редизајн на еврата ќе поминат неколку години.

Извршниот одбор на Банката треба во 2024 година да одлучи за печатење нови банкноти и дури тогаш новите евра би можеле да бидат пуштени во оптек.

- Advertisement -

Извор – Радио МОФ

Фото – АФП

Сподели!
- Advertisement -