Њујорк Тајмс ja купи мега популарната игра „Вордл“

- Advertisement -

Весникот Њујорк Тајмс ја купи онлајн играта „Вордл“, која во моментов е супер популарна на социјалните мрежи, објави Њујорк Тајмс. Сложувалката на зборови всушност им овозможува на играчите во шест обиди да погодат збор од пет букви, при што зборот што треба да се погоди се менува на дневно ниво. Играта е супер популарна во моментов на социјалните мрежи, а се споделува и од помлади и од постари.

„Вордл“ беше создадена во октомври минатата година од Џош Вардл. Од неговата компанија објавија дека се среќни што еден од најпознатите весници во светот во иднина ќе раководи со играта и ветуваат дека играта ќе остане бесплатна за сите нови и постоечки играчи.

- Advertisement -

Според изјавата на Џош Вардл, играта „Вордл“ на 1 ноември ја играле само 90 луѓе, два месеца подоцна популарноста пораснала на 300.000 лица, а денеска бројот на лица што ја играат се искачи на неколку милиони ширум светот.

Сподели!
- Advertisement -