ЕУ гради тунел меѓу Медитеранот и Скандинавија вреден 11 милијарди долари

- Advertisement -

Скандинавско-медитеранскиот коридор е многу битна сообраќајница за европската економија. Коридорот се протега од Финска и Шведска на северот до островот Малта на југот и ја опфаќа и Данска, Севррна, Централна и Јужна Германија, индустрискиот дел на Северна Италија и јужните италијански пристаништа.

Коридорот се протега непречено додека не стигне до Аплите, каде што проблем е делот помеѓу Минхен и Верона. Токму таму се работи на тунелот Бренер Басе, кој треба да биде пуштен во употреба во 2028 година.

- Advertisement -

Тунелот се наоѓа на висина од 1.371 метар над морето и е најнискиот премин на Алпите, а ќе може да се користи во текот на целата година. Во 1867 година била поставена железницата Бренер, која била изградена со цел да се подобри капацитетот и до 1970-тите години беше додаден и автопатот E45. Денес по тој коридор поминуваат 40% од сиот товар кој се пренесува преку Алпите, но поради стрмните делови и малата брзина со која се движат возовите, речиси 2/3 од целиот товар се пренесува по автопат.

Тоа придонесува за голем сообраќаен метеж, бучава и лош квалитет на воздухот во регионот, па во 1994 година ЕУ реши да преземе нешто. Затоа го гради новиот тунел. Тунелот почнува во Инсбрук, Австрија и се протега на 55 км се додека не стигне до Фортеца, Италија. Кога ќе биде готов, тунвелот ќе се поврзе со постојните тунели во Инсбрук и ќе се создаде најдолгата подземна железничка линија во светот до бкупно 64 км. Низ двата главни тунели ќе се движат возови, а четирите странични тунели ќе водат до површината, од каде што ќе се зема товар. За итни случаи двата главни тунели се поврзани меѓусебе на секои 333 метри и ќе бидат поставени и три станици за итни случаи на 20 км една од друга.

- Advertisement -

(DesignBoom)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -