Oд денес се укинати сите анти-ковид мерки

- Advertisement -

Од денес нема да треба да приложувате сертификат за влез во затворените делови од угостителските објекти бидејќи владата даде зелено светло за предлогот на Комисијата за заразни болести, која пред една недела оцени дека мирната епидемиолошка состојба дозволува укинување на речиси сите мерки. Единствено останува на сила задолжителното носење на маски во болница, аптека, јавен превоз и старечки дом.

Укинувањето на мерките доаѓа со стабилната епидемиолошка состојба – мал број на новозаболени и хоспитализирани и околу 500 тини активни случаи во моментот.

- Advertisement -

Комисијата за заразни болести нема да заседава  како и вообичаено, но како што велат од Министерството за здравство и понатаму ќе се состануваат кога ќе има потреба и во зависност од бројките.

Не само кај нас, многу земји ги укинаа рестрикциите, некои вирусот го третираат како обична настинка

- Advertisement -

Инаку, земјите од регионот пред почетокот на туристичката сезона ги укинаа повеќето рестрикции, па за влез во Грција, Бугарија и Албанија и Србија на македонските граѓани повеќе не им треба ковид сертификат.

Сподели!
- Advertisement -