Новите Формула болиди ќе си создаваат сами енергија од кочење!

- Advertisement -


Третата генерација на електрични болиди Формула Е планира да зодава голема количина на енергија на трките преку процес на регенеративно кочење.
FIA и Формула Е на стазата во Монако ќе ја претстават третата генерација на електрични болиди која ќе се натпреварува во идната сезона ширум светот.

Формула Е со секоја нова сеозна остварува напредок, привлекува се повеќе гледачи, спонзори и најдобри возачи, а болидите постојано стануваат се побрзи, посилни и технолошки напредни. Новопретставениот Gen3 Формула болид има шасија од јаглеродни влакна на компанијата Spark Racing Technology како и во претходната генерација, но овојпат во голем дел содржи рециклирани јаглеровни влакна од болиди од претходната генерација.

- Advertisement -

Новиот болид ќе има гуми од Hankook наместо од досегашниот Michelin, и ќе бидат направени 26% од рециклирани влакна. Гумите ќе се рециклираат по секоја трка. Електричниот погон пак ќе ја зголеми сегашната сила од 335 на 469 коњи што ќе овозможи зголемување на максималната брзина од 280 км/час на 322 км/час.

За првпат електричните болиди добија и втор мотор на предната осовина кој може да достигне сила од 250 kW која ќе се користи првенствено за кочење. Имено, при силно кочење со полни 805 коњи, на Gen3 болидите ќе им се овозможи извлекување на двојно повече регенеративна енергија од кочење којаќе им овозможи на болидите во текот на трката дури 40% од енергијата да ја добиваат од регенеративно кочење. Таа е-кочница ќе биде толку моќна што болидите нема да користат хидраулични кочници на предните тркала.

- Advertisement -

Основачот на FIA Formula E натпреварувањето, Алехандро Агаг рече дека ова е досега најамбициозниот проект и дека е среќен што најсовршените елекетрични билиди конечно се спремни за стаза, по две години развој. Многу експерти предвидуваат дека Formula E набргу ќе ги надмине перформансите на Формила 1 бензинците и дека може да се случи од следната деценија моторите со внатрешно согорување во целост да исчезнат од мото-спортот.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -