„Фабричко ресетирање“ на мозокот против алкохолизам

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Илиноис во Чикаго спроведоа истражување кое се занимава со делот од мозокот кој е одговорен за развојот на анксиознот и зависност од алкохол и демонстрираа како со уредување на гените во мозокот може, како што велат, „фабрички да се ресетира“, односно да се избришат предиспозициите на луѓето за развој на зависност од алкохол.

Стдијата се надоврзува на претходен труд кој ги истражува начините на кои опивањето во текот на адолесценцијата може да ја смени хемијата во мозокот со долготрајни ефекти. Научниците претходно открија дека опивањето во текот на тие години ја намалува експресијата на гените за протеинот (Arc), поврзан со цитоскелетот во амгидалата, односно регионот од мозокот кој е клучен центар за регулирање на емоциите.

- Advertisement -

Еден од долготрајните ефекти на ваквото епигенетско репрограмирање на генот Arc било зголемената предиспозиција за анксиозност и пореметување на прекумерно консумирање алкохол во возрасните години. За својата нова студија научниците се обиделе да истражат дали можат тие ефекти да се поништат со помош на модерни техники за уредување на гените, односно CRISPR-d ​​Cas9.

Во експериментите стаорците биле подложени на повремено консумирање алкохол во текот на адолесценцијата, што одговара на возраст од 10 до 18 години кај луѓето. Кога стаорците станале возрасни научниците користеле CRISPR-d ​​Cas9 за нормализација на експресијата на генот Arc, што резултирало со намалени показатели на анксиозност и склоност кон консумација на алкохол.

- Advertisement -

„Раното опивање може да има долгорочни и значајни ефекти врз мозокот, а резултатите од студијата се доказ дека уредувањето на гените е противотров за тие ефекти, односно своевидно враќање на фабричките подесувања на мозокот“ вели Субхаш Панди, еден од авторите на студијата.

Тие ја нагласуваат важноста на адолесценцијата како клучен период од развојот на мозокот и како прекумерното опивање во текот на тој период може да го зголеми ризикот не само од пореметување во консумирањето алкохол, која е една од водечките причини за смрт, туку и од психички пореметувања како анксиозноста.

- Advertisement -

Студијата е објавена во списанието Science.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -