Прилепската пиварница се закити со две светски награди

- Advertisement -

Прилепската пиварница со децении претставува синоним за квалитет по светски стандарди. Двоцифрен и навистина импресивен е бројот на добиени светски награди кои оваа компанија ги поседува во своите простории.

Така, за изминатата 2021 година и беа доделени дури две завидни признанија од групацијата PepsiCo и тоа: „PEPSICO – 3PM Excellence Award” – за одлични перформанси и соработка и можеби уште попозната и попрестижна – „Caleb Bradham Quality Excellence Award“. Quality Excellence Award не е новина за Прилепска Пиварница која во својата голема колекција веќе има неколку вакви престижни признанија. „Caleb Bradham Quality Excellence Award“ е навистина посебна и специјална за сите произведувачи на пијалаци на светско ниво од гамата на PepsiCo, бидејќи е именувана по г. Кејлеб Дејвис Бредам, култниот американски фармацевт – „таткото“ на безалкохолниот пијалок Пепси.

- Advertisement -

Сето тоа изразено илустративно, би било прикажано вака: „Кога мајсторот му оддава почит и признание на ученикот за одлично завршената работа“ или кога „таткото на Pepsi“ ве пофалува и наградува пред целиот свет дека вие произведувате и правите одлично Pepsi – на светско ниво! Caleb Bradham наградата е круна на вистинскиот вкус, квалитетот и безбедноста на производството и високи перформанси на процесите, според ултра високите стандарди на Пепси ( PepsiCo) групацијата за нивните производи низ целиот свет. Традиција од еден век која будно го наслушнува задоволството на потрошувачите и ги наградува и пофалува оние кои ги ставаат своите потрошувачи како врвен приоритет. Со оваа награда, се оценуваат и наградуваат сите произведувачи и се доделува еднаш годишно само на неколку компании во целиот свет.

Она што би требало да не прави особено горди е што нашата Прилепска пиварница веќе една декада е постојан член на овој дрим тим на светско ниво – една од најдобрите производители на Pepsi на светско ниво. Конкуренцијата е навистина голема, затоа што во оценувањето на квалитетот на пијалаците од брендовите на PepsiCo учествуваат сите компании производители од целиот свет.

Сподели!
- Advertisement -