32.8 C
Skopje
понеделник, јули 4, 2022

Amazon претстави автономен робот кој може да работи заедно со работниците во складиштата

Kabtel desktop

Аmazon го претстави првиот автономен робот кој во складиштата ќе може да работи заедно со луѓето. Досегашните роботи кои работеа во компанијата тоа го правеа заградени простори без контакт со луѓето за да се избегнат повреди. Но роботот наречен Proteus ќе го смени тоа.

Роботот е наменет за превоз на големи палети со производи, а за да се спречат судири, односно налетување на луѓе опремен е со напредна бесзбедносно-навигациска технологија. Proteus пред себе емитува зрак од зелена светлина за да биде што повидлив, а во случај некој работник да застане пред него, автоматски стопира.

Како и секогаш кога роботите ќе преземат некоја работа која доготаш ја вршеле луше, постои загриженост дека тоа ќе води чекор поблиску до целосна роботизација, односно дека луѓето ќе ги изгубат своите работни места во иднина. Од Amazon велат дека тоа не е нивната визија и дека роботот нема да ги замени луѓето, туку само ќе ги преземе физички потешките работи и ќе им овозможи на луѓето да се посветат на други подобри работи.

Роботизацијата ќе биде битна за Аmazon затоа што едно неодамнешно интерно истражување, чии резултати протекоа во јавноста, покажа дека веќе за две години нема да има доволно потенцијални вработени кои ќе можат да работат во нивните складишта во САД. Иако станува збор за истражување кое е спроведено во Amazon, компанијата ги отфрли тие заклучоци дека им се заканува недостиг на работна сила.

(Amazon)

(фото: YouTube)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!