Крај за бензинците и дизелашите во ЕУ: Од 2035 година во продажба само електрични возила

- Advertisement -

Европската унија планира да ја укине продажбата на автомобили со класични мотори до 2035 година, соопштија од ЕУ. Тој предлог е поднесен во јули минатата година, а зелено светло за прифаќање на предлогот дадоа европските министри за заштита на околината на вчерашниот состанок во Луксембург.

Неговото прифаќање во Европскиот парламент би значело де факто стопирање на продажбата на бензинци и дизелаши и целосно преминување на електрични автомобили во Европската унија од 2035 година натаму. Мерката има за цел исполнување на европските климатски цели, особено постигнување на карбонска неутралност до 2050 година.

- Advertisement -

На барање на некои од земјите-членки, вклучувајќи ги и Германија и Италија, ЕУ, исто така, се сложи да ја разгледа употребата на алтернативни технологии како што се синтетичките горива или плагин хибридите, ако не испуштаат стакленички гасови.

Министрите за заштита на животната средина одобрија и петгодишно продолжение на изземањето од обврските за намалување на емисијата на СО2 за т.н. нишни производители, односно оние кои произведуваат помалку од 10.000 возила годишно, до крајот на 2035 година.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -