Британски научници тврдат дека имаат психолошка вакцина против дезинформирање на луѓето

- Advertisement -

Од пандемијата на КОВИД-19 до војната во Украина – се шират дезинфoрмации во целиот свет. Но, истовремено се осмислени многу алатки кои им помагаат на луѓето да ги забележат тиер дезинформации. Проблемот со најголем дел од нив е што не можат да се применат со поширок опсег.

Сепак, тим од британски научници сега тврди дека можеби пронашол решение за тоа, а тоа решение го претставија во напис кој го напишаа за The Conversation.

- Advertisement -

„Во нашата нова студија осмисливме и тестиравме пет кратки видеа кои гледачите ги преобраќаат исто како да сме ги вакцинирале против измамничките и манипулативни техники кои чесгто се користат на интернет за луѓето да се доведат во заблуда. Нашата студија е најголема од тој тип и е првата која тестира ваков вид на интервенција на YouTube. Видеата се прикажани на 5 милиони луѓе, од кои 1 милионн навистина ги погледнале“ велат авторите на студијата, која е објавена во научното списание Science Advances.

Авторите на студијата тврдат дека видеата не само што им помагаат на луѓето да ги забележат дезинформациите во контролирани експерименти, туку и во реалниот свет. Гледањет на едно од нашите видеа на YouTube ја зголемува способноста на корисниците на YouTube да ги препознаат дезинформациите, велат тие.

- Advertisement -

Тие преудпредуваат дека честопати многу е тешко да се увтрди што е вистина, а што не, а проверките на фактите не допираат до луѓето кои ќе поверуваат во тие дезинформации, додека, пак, да се натераат истите тие луѓе да прифатат проверка на фактите е вистински предизвик, особено ако имаат ја политички идентитет, велат британските научници.

Студиите покажуваат дека објавените проверки на тие факти не ги поништуваат целосно ефектите кои ги направиле дезинформациите, а тој феномен е познат како континуирано влијание. Досега научниците се бореа да најдат решение кое брзо може да допре до милиони луѓе и изгледа британскиот тим успеа во тоа.

- Advertisement -

Теоријата на психолошко вакцинирање е идеја дека може да се создаде психолошки отпор против обидете да се манипулира со луѓето, слично како што медицинските вакцини е ослабени верзии на патогените кои го поттикнуваат имунолошкиот систем да создава антитела, појаснуваат научниците.

Сепак, авторите се свесни дека не секој има време или мотивација да игра игрички кои имаат слични ефкети, па затоа сорабтоувале со Jigsaw, истражувачката единица на Google, на решение кое би допрело до многу голем број на луѓе. Тие направиле 5 видеа prebunking, од кои секое трае 2 минути, а целта била да се имунизираат гледачите против различни техники на манипулирање или логички грешки. Во склоп на проектот стартувале веб страница на која луѓето можат да ги гледаат и да ги преземаат тие видеа.

(The Conversation)

(фото: Innoculation Science)

Сподели!
- Advertisement -