McDonald’s направи UGG чизми инспирирани од нивните пилешки топчиња

- Advertisement -

Благодарение на соработката со познатиот австралиски бренд UGG, McDonald’s направи чизми инспирирани од нивните пилешки топчиња Chicken Nuggets. Чизмите се викаат Nuggies и се дизајнирани да потсетуваат на омилените крцкави пржени пилешки топчиња.

Ќизмите имаат лесен џон, потоа карактеристичните UGG детали по рабовите, направени се од антилоп и имаат лого Nuggies и McDonald’s на задната страна. За овој производ да го направат уште полегендарен,новите UGG чизми ќе бидат спакувани во кутија иста како слатко-киселиот сос кој McDonald’s го дава со пилешките топчиња.

- Advertisement -

Сепак, оваа серија е ограничена, па така, од McDonald’s најавија дека ќе подарат само 50 пара Nuggies во Австралија.

„Возбудени сме што можеме да ги оживееме Nuggies и да комбинираме два легендарни австралиски фаворити кои се совршени“ изјавија од McDonald’s.

- Advertisement -

Nuggies не е единствениот таков инспириран модел затоа што и KFC излезе на модната поста во 2020 година. KFC и Crocs ги здружија силите за да претстават чевли од 89,99 долари, кои веднаш се најдоа на Неделата на модата во Њујорк.

Тие чевли ги имаа препознатливите линии на KFC со испечатени слики на пржено пилешко и дополнителни привезоци со мирис на пилешко. Чевлите беа во ограничено издание на чевлите и се викаа Bucket Clog.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by McDonald’s Australia (@mcdonaldsau)

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Instagram)

Сподели!
- Advertisement -