Meta го најави настанот на кој ќе открие повеќе за иднината на метаверзумот

- Advertisement -

Технолошкиот гигант Meta го најави новото издание на еднодневната “Connect Conference” („Конференција за поврзувањето“), која треба да се одржи на 11 октомври 2022 година.

„Повторно е тоа време од годината, Quest-фамилијо. Придружете ни се да слушнете од експерти и иноватори за нивната визија за тоа што допрва ни доаѓа. Каква е иднината на метаверзумот? Како да создадеме поповрзани светови?“ – напишаа од Meta во нјавата за настанот.

- Advertisement -

Од компанијата посочуваат дека виртуелниот настан ќе ги поведе корисниците на патувања за да го истражат „градењето на метаверзумот и иднината на проширената и виртуелната реалност“.

Индустриските лидери ќе ги претстават своите најнови технологии, по што ќе следи сесија за девелопери на која ќе се дискутира за тоа како тие технологии најдобро да се искористат.

- Advertisement -

Сепак, најисчекуваниот момент на денот веројатно ќе биде претставувањето на новиот Quest-хедсет за виртуелна реалност, кој основачот на Meta, Марк Зукерберг, неодамна го најави при неговото гостување кај Џо Роган, на поткастот The Joe Rogan Experience.

Се вели дека новиот уред ќе се фокусира на „социјално присуство“, со технологија за следење на очи и лице која ги „фаќа“ изразите на корисниците во реално време. Хедсетот може да вклучува и одредени елементи на проширена реалност. Во секој случај, се очекува да биде големо надоградување на постојниот хедсет Oculus Quest 2.

- Advertisement -

Maркетинг 365

Сподели!
- Advertisement -