Една од најмоќните камери во светот сними дини на површината на Марс

- Advertisement -

Камерата HiRISE на орбитерот Mars Reconnaissance сними поле од фасцинантни дини наречени бархан дини. Овие дини се формирале долж работ на Часма Бореале на северниот пол на Марс.

High-Resolution Imaging Experiment или HiRISE е моќна камера која од орбитатаснима слики на кои се гледаат различни елеме нти на површината на црвената планета. Фоторграфијата која ја гледате прикажува површина од 1 км, а орбитерот се наоѓал на околу 197 км над површината кога ја направил фотографијата.

- Advertisement -

Научниците кои управуваат со орбитерот и со HiRISE велат дека бархан дините се вообичаени и на Земјата и на Марс. Вообичаено тие дини имаат посебна форма и се битни затоа што научниците со нивна помош можат да дознаат повеќе за околината и правецот на ветровите на одредена локација.

Бархан дините настануваат во песочни предели каде што ветровите дуваат во еден доминантен правец. Така настануваат песочни дини во форма на полумесечина. „Роговите“ на дините се насочени во правецот на ветрот.

- Advertisement -

Ветровите на северниот пол на Марс мора да се движат во различни правци затоа што дините кои ги фотографирала HiRISE немаат класична форма на полумесечина.

Орбитерот на кој се наоѓа камерата се наоѓа во орбитата на Марс од 2006 година, а долготрајноста на неговата мисија значи дека планетарните научници можат да ги следат промените кои се случуваат на Црвената планета подолг период.

- Advertisement -

(Universe Today)

(фото: NASA)

Сподели!
- Advertisement -