22.8 C
Skopje
недела, октомври 2, 2022

Шпанија планира да воведе привремен данок за најбогатите

Kabtel desktop

Шпанската влада сака да воведе привремен данок за најбогаттие 1% од населението во земјата. Данокот ќе почне да се наплаќа од идната година со цел да ја ублажи инфлацијата, изјави шпанската министерка за буџет, Марија Хесус Монтеро.

Таа рече дека преговараат со помалиот коалиционене партнер, левичарската Обединети можеме, која оваа иницијатива ја понудила во својата изборна програма. Не наведе други детали за даночната стапка која ќе се наплаќа ниту колку пари се надеваат да соберат со новиот данок, но потенцираше дека станува збор за оданочување на милионери.

Данокот ќе почне да се наплаќа од идната година, рече Монтеро и додаде дека бидејќи се чека на парламентарно одобрување, не може да почне да се наплаќа порано. Владата на Шпанија, исто така, планира даноци за енергетските компании и за банките.

„Ќе искористиме слична шема како таа за енергетските компании и за банките. Во наредните две години тие со големо богатство во земјата ќе мора повеќе да се потрудат“ објасни Монтеро.

(Reuters)

(фото: Quote Inspector)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!