Илјадници роботи на Илон Маск ќе работат во неговите фабрики

- Advertisement -

Кога Тesla го најави својот прв хуманоиден робот, Илон Маск ги избираше зборовите кога го објаснуваше потенцијалот на роботите. На претставувањето тој рече дека Tesla Bot би требало да може да ја трансформира светската економија и да го реши моментално големиот проблем во бројни делови од светот – недоволната работна сила.

Таквите најави, во теорија, звучат фантастично, но прашање е како тоа ќе изгледа во пракса. Имено, познато е дека Маск си задава рокови и планови кои во реалноста се неостварливи. Така, тој со години зборува за целосно автономни автомобили, но додека компјутерите во автомобилите на Тeslа имаат опција Full Self-Driving, луѓето и понатаму мора да седат зад воланот спремни да реагираат ако има потреба.

- Advertisement -

Ќе биде интересно да видиме дали истото ќе се случи со Tesla Bot или Tesla навистина ќе претстави роботи кои наскоро во фабриките ќе работат заедно со луѓето и ќе им ги олеснат секојдневните задачи.

На почетокот на годината од Teslа најавија дека развојот на овој робот ќе биде нивен приоритет, а како би се снашле роботите во реални работни услови можно е да дознаеме наскоро. Нивното прво работно место ќе бидат, се разбира, фабриките на Teslа. Како што напишаа во објава од компанијата, најавуваат дека наскоро ќе бидиме илјадници такви хуманоидни роботи во нивните фабрики.

- Advertisement -

Нагласуваат и дека нивните роботи ќе вршат автоматизирани и репетитивни работи. Претставувањето на првиот прототип го очекуваме неделава на АI Day на Tesla, каде што Маск ќе објави и други новитети поврзани со вештачката интелигенција.

(Elektrek)

- Advertisement -

(фото: Youtube)

Сподели!
- Advertisement -