8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Мелничарите најавуваат поскап леб!

Kabtel desktop

До крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе се зголеми за најмалку 10 проценти, најавуваат мелничарите. Причини за поскапувањето, велат, се скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата.

Мелничарите бараат субвенции за електричната енергија или да бидат додадени на регулираниот пазар зашто само така би се смирила ситуацијата и соодветно би се намалиле цените во корист на населението.

Како што изјави за МИА претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора, Горан Малишиќ, од огромна корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, зашто и онака 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува во ноќните часови.

„Во сегашната консталација, берзанската цена на пченицата како основна суровина повторно почна да расне. Од жетвата 2022 цената на француската берза е зголемена за околу 10 отсто, а и зголемувањето во Србија е исто така 10 проценти. Тоа значително ќе ја зголеми цената на брашното и на лебот со печивата за минимум 10 проценти во наредниот период од максимум 40 до 50 дена“, истакнува Малишиќ.

Според него, огромен проблем во моментов е и цената на струјата.

„Цената на електричната енергија за август 2022 на отворениот пазар изнесуваше 32 денара по киловат час што за компаниите е 500 отсто зголемен трошок во однос на лани. Сите овие зголемувања ќе придонесат за зголемување на цената на лебот или за неминовно затворање на индустриските капацитети. Тоа значи дека, не само за мелничко-пекарската индустрија, туку за целата индустрија – без помош или интервенција на Владата во цената на електричната енергија, неминивно е тотално намалување на производството до можен минимум или затворање на капацитетите“, нагласува Маличиќ.

Тој додава и дека залихите на пченица кај приватните субјекти, силоси и мелници се на историски најмал минимум, што од намалената домашна жетва во 2022, што од неможноста на мелниците да набават пченица од увоз поради високата цена.

Фото- pxhere.com

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!