8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

Кинеска компанија постави робот за директор

Kabtel desktop

Кинеската компанија NetDragon неодамна назначи виртуелен хуманоиден робот со вештачка интелигенција за извршен директор на една од своите подружници. Назначувањето на виртуелниот робот Танг Ју за директор е пионерски потег во правец на користење на вештачката интелигенција за трансформирање на корпоративниот менаџмент и зголемување на оперативната ефикасност, велат од компанијата и додаваат дека ова е многу битен чекор кон организација на мета универзумот .

Што точно ќе работи Танг Ју? Од компанијата велат деа хуманоидниот робот ќе го олесни работниот процес, ќе го зголеми квалитетот на изврштените задачи и ќе ја подобри брзината на работа.Танг Ју, исто така, ќе служи како хаб за податоци во реално време и како аналитичка алатка за рационално носење одлуки и овозможување на ѓто поефикасен систем за менаџирање со ризици.

Освен тоа, Танг Ју ќе има клучна улога во развојот на таленти и ќе се осигура дека работното место е фер и ефикасно за сите вработени.

„Ќе ја најмиме Танг Ју да ни помогне да управуваме со компанијата, а тоа ќе ни овозможи ресурсите кои досега ги трошевме за луѓе кои ја работат нејзината работа да ги пренасочиме кон други сегменти кои ќе помогнат за раст на бизнисот“ велат од компанијата.

Не откриваат детали дали Танг Ју самата ќе носи независни одлуки како извршен директор или роботот ќе биде контролиран од луѓе.

(Euro News)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!