8.8 C
Skopje
сабота, декември 3, 2022

SOCIAL FRIDAY е новото црно – 2000 нови дрвја наспроти Black Friday!

Kabtel desktop

Social Friday ги предизвикува бизнисите да го трансформираат антисоцијалниот Black Friday во социјално искуство со позитивен импакт за локалните заедници.

Спасувањето на светот не е лесна работа, како што покажаа неодамнешните компромиси на Самитот COP27. Ако глобалните лидери не можат да ги решат овие итни прашања, каква надеж има тогаш просечниот човек?

Според Social Friday, малите промени на локално ниво можат да направат големи промени на глобално ниво. Бизнисите, невладините и студентските организации можат да почнат да допринесуваат овој Black Friday со тоа што ќе се приклучат на движењето „Социјален петок“ за да направат општествено добро во нивните локални заедници.

„Black Friday е лудило со големи понуди, но по уште поголема цена за животната средина на која што директно и влијае неодржливата количина на производство, транспорт и потрошувачка на стоки како резултат на отпадот кој се создава“, вели Фикрет Зендели, основач на Social Friday. Некои активисти предлагаат овој последен петок од ноември да го заменуваме со „Do Nothing Day“ и да не правиме ништо, но од Social Friday предлагаат да пробаме да направиме позитивна промена; „Излезете надвор во вашата локална заедница и направете некоја општествено корисна работа!“.

Иако Black Friday во 2020 година ѝ донесе приход на економијата од 9 милијарди долари, тоа беше исто така и денот со најголемото загадување во историјата на настанот, со огромни 429.000 метрички тони стакленички гасови произведени само во Велика Британија. Во комбинација со отрезнувачката статистика дека 80% од купените производи завршуваат како отпад, името црн петок е заслужено кога станува збор за животната средина.

„Сите знаеме колку непродуктивно може да биде едно петочно попладне – и исто така колку општественото добро може да ги трансформира локалните заедници“, додава Зендели.

Social Friday го транфсормира непродуктивното петочно попладне во канцеларија, во корисна сила која се употребува за добра цел и која ја поддржува локалната заедница. Тоа е победа за сите!“.

Овој 25-ти ноември сеприсутното статус кво ќе биде предизвикано. Во една од заедничките иницијативи ќе се засадат 2.000 дрвца на подрачјето на Скопје. Па од ова произлегува прашањето, ако една мала компанија од Северна Македонија може да засади илјадници дрвја во еден ден, замислете како би изгледал светот ако големите компании ширум светот садат дрвја наместо да организираат Black Friday? Со овој навидум едноставен настан ѝ враќаме назад на природата и допринесуваме за нејзино обновување за следните генерации, исто така покажуваме заедништво додека се справуваме со социјалните неправди.

Како дел од настанов е и претстојната изложба на уметнички дела создадени од децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, креирани во склоп на Social Friday 3Q22, при што ќе има и аукција и сите средства ќе бидат донирани за домот.

Покрај тоа што допринесува на заедницата, Social Friday, исто така, им дава на сите волонтери петочно попладне без грижа на совест.

Направете разлика, со сите овие придобивки, помеѓу Social Friday во споредба со традиционалните вежби за тим билдинг и постоечките механизми за зголемување на продуктивноста во една работна недела.

За Social Friday

Social Friday е глобална иницијатива за кооперативна социјална одговорност што

ги претвора непродуктивните петочни попладневни часови во социјална свесност

и организирани волонтерски настани.

Секој петок непродуктивно се трошат милиони часови.

Идејата на Social Friday е да ги активира компаниите, невладините и

студентските организации и да ја поттикне нивната свест за да организираат

и посветат четири петоци секоја година (по еден во секој квартал) на

волонтирање во некоја локална социјална кауза.

TEDxZurich:  https://www.youtube.com/watch?v=A2h55A55FwI&ab_channel=TEDxTalks

Веб-страница: https://socialfriday.org/

Фејсбук: https://www.facebook.com/socialfridayactivity/

Инстаграм: https://www.instagram.com/socialfridayactivity/

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!