Велика Британија сака да го зголеми својот нуклеарен капацитет во склоп на напорите за користење што повеќе зелена енергија. Амбициозните цели на земјата одат подалеку од купувањето кинеска нуклеарна централа и 50% удел во компа ијата која ја поседува.
Имено, Велика Британија планира мегапроект за источниот брег. Владата разгледува предлози за составување тимови од секротие градежништво и развој за дизајнирање технологии за мали модуларни нуклеарни реактори.
Како што откриваат, со цел земјата да стане карбонски неутрална во нареднитедесет години, нуклеарните централи мора да се базираат на веќе докажаната технологија за реактори со вода под притисок.
Лондонската компанија Balfour Beatty склучила договор со Hyundai Engineering and Construction и британската гранка на компанијата Holtec International од Флорида. Договорот опфаќа дизајнирање и изградба на американскиот реактор SMR-160 во Велика Британија, кој ќе произведува 160 MW енергија.
Изградбата на првиот реактор се очекува да почне во 2028 година, а до 2050 година се очекува да има 32 SMR реактори со вкупен капацитет од 5.1 GW. Од Holtec Britain велат дека компанијата има три можни локации – две во Англија и една во Велс – кои би биле идеални за Holtec SMR-160.
Rolls-Royce, пак, во декември минатата година објави дека во Велика Британија ќе градат фабрики за производство ан делови за мали модуларни реактори. Тие планираат да изградат најмалку три такви фабрики.
(Interesting Engineering)
(фото: Pxhere)