8.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Американски стартап ги претвора старите турбини на ветар во многу цврст бетон

Kabtel desktop

Турбините на ветат се одлични за производство на енергија, но стануваат проблематичен отпад кога веќе нема да се употребливи затоа што материјалот од кој се прават едноставно не се биоразградува добро. Таквите турбини имаат животен век од 20-25 години и откако ќе се фрлат, нивните масивни стаклени или карбонски сечила завршуваат на депонија.

Една компанија сега сака да направи нешто со тие турбини. Стартапот REGEN Fiber од ајова, САД ги трансформираат турбините на ветар во влакна кои ја зголемуваат цврстината на бетонот и неговата издржливост, како и на плочките за тротоари и сличните производи.

Стартапот е во сопственост на компанијата за камиони Travero.Како што велат од REGEN Fiber, ова е вистинско време за таков производ на пазарот затоа што има огромен број турибини на кои им се ближи крајот на животниот век, а рециклирањето на сечилата без употреба на хемикалии и без да се согоруваат иствремено помага да се одржи животната средина чиста и да се направат рециклирани производи.

Компанијата проценува дека во втората половина од годинава ќе почне со комерцијално рециклирање. За да го постигне тоа гради нова фабрика во Ферфакс. Кога ќе биде пуштена во работа, новата фабрика на REGEN Fiber успешно ќе рециклира над 30.000 тони турбини годишно. Во нивната постоечка фабрика во Дес Моинес веќе се рециклираат турбини кои се процесираат до влакна кои се додаваат во асфалт и други композитни материјали.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!