1.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

Кинеска нуклеарка произведе 310 милијарди киловат-часови струја

Kabtel desktop

China General Nuclear Power Corporation CGN, главниот оператор со нуклеарна енергија вo Кина, произведе 310,4 милијарди киловат-часови електрична енергија во мрежата во 2022 година, соопштија од енергетската групација.

Како што пренесува агенцијата Sinhua, оваа бројка претставува зголемување од 12,4 милијарди киловат-часови во однос на 2021 година. Исто така, нејзиниот број на нуклеарни блокови кои функционираат лани достигнал 26.

Што се однесува на новата енергија, CGN додала 7,21 милиони киловат-часови инсталиран капациет во работа во 2022 година, што е рекорд, а инсталираниот капацитет во работа во домашните нови енергетски проекти надминал 35 милиони киловати.

Минатата година глобалните проекти за чиста енергија на компаниите произвеле 52 милијарди киловат-часови електрична енергија во мрежата, обезбедувајќи чиста енергија во 15 земји.

(Bizlife)

(фото: Pxhere)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!