1.8 C
Skopje
петок, февруари 3, 2023

3Д печатена хидраулична турбина произведува струја без перки

Kabtel desktop

Без а има никакви перки преносната хидраулична турбина SETUR на компанијата Vortex Hydrokinetics е одличен извор на струја. Водена средина за турбината може да бидат реки, океански струи, па дури и канали.

Турбината има форма на атомска бомба и генерира енергија така што го принудува протокот на вода да направи вител и потоа тој вител го користи како извор на енергија. Споре тимот што ја дизајнирал, SETUR може да се користи и независно и како дел од една фарма за хидроенергија.

Преносната опрема е лесна затоа што станува збор за 3Д печатена хидраулична турбина без перки. Иако SETUR може да се инсталира во индустриски постројки, канали за наводнување и брани, најдобро функционира на оддалечени и градски места каде што е потребна енергија и има изобилство на вода.

Дизајнерскиот тим на SETUR вели дека аголот помеѓу роторот и статорот е најбитен за генерирањето енергија. Роторот може да се движи околу внатрешниот раб на контејнерот затоа што еден од врвовите на стапот е прицврстен. Поради нестабилноста на водената маса, се создава вител додека водата тече низ роторот и почнува да се врти.

SETUR е конструирана токму околу таа идеја и моментално е достапна во две верзии – 5kW or 500W.

Хидроенергијата засега е највреден извор на обновлива енергија. Процесот на хидрокинетичко претворање на енергијата вообичаено значи користење кинетичка енергија од реки, океански струи, плима и осека или водени текови направени од човечка рака за генерирање енергија, велат од Vortex Hydrokinetics.

(Interesting Engineering)

(фото: Vortex Hydrokinetics)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!